Кавани му донесе триумф на ПСЖ

Пари Сен Жермен оствари сигурен триумф на гостувањато против Нант, славејќи со 0-2. Творец на победата беше уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани, кој беше стрелец на двата гола за „светците“ на оваа средба.

Во 21.минута, Кавани ја реализираше одличната акција на Дракслер и на Лукаш. Во вториот дел, во 65.минута, Уругваецот одлично изведе слободен удар од 25 метри и по вторпат ја затресе мрежата на домаќинот.

По оваа победа, ПСЖ се наоѓа на третото место во францускиот шампионат со 45 освоени бода.

Goal Cavani (0:1) Nantes vs Paris SG by ylberenexhipiEdinson Cavani Second Goal HD – Nantes 0… by HoFoot

Се вчитува...