Кавани пред потпис со Барселона!

Голем пресврт се случува во Манчестер откако последната вест носи дека Единсон Кавани е пред потпис со Барселона. Уругваецот му ја препушти „7“ на Кристијано Роналдо, но сепак тоа не било „џентламенски“ договор туку бидејќи ќе го напушти „Олд трафорд“.

Прв фаворит за неговиот потпис е Барселона која очигледно сака дополнително да се засили во нападот. Мемфис Депај е единствениот шпиц во моментов бидејќи не се знае кога Серхио Агуеро ќе се врати на терените.

 

Се вчитува...