Кавани се договори со Атлетико Мадрид

Единсон Кавани има договор со ПСЖ до крајот на сезонава, но уругвајскиот ас преговара со бројни клубови кои сакаат да го доведат како слободен играч од јули 2020 година. Францускиот „10Спорт“ денеска објави дека Кавани веќе донел одлука за својата иднина, договарајќи ги условите за преселба во Атлетио Мадрид.

На Уругваецот му бил понуден тригодишен договор под одлични услови, тој веќе ја прифатил оваа понуда, но сега останува да се види дали трансферот би можел да биде забрзан за да се комплетира веќе во јануари. ПСЖ ќе се обиде да заработи барем нешто на својот голгетер, особено откако летово го доведе Икарди за да ја покрие напаѓачката позиција.

Атлетико најпрвин ќе се обиде да се ослободи од Диего Коста во јануари и само доколку успее во тоа ќе влезе во преговори со францускиот првак, нудејќи сума од 15 милиони евра за да го осигура потписот на Кавани веќе во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...