Кавани се враќа во Наполи?

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани би можел идното лето да се врати во Серија А и повторно да го облече дресот на Наполи. Медиумите на „чизмата“ ова прашање го актуелизираа по срдечната прегратка на Уругваецот со претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис, за време на мечот меѓу ПСЖ и Наполи во Лигата на шампионите.

„Убавата прегратка меѓу Де Лаурентис и Кавани покажува за добро пријателство. Еди помина неверојатни години во Наполи и секогаш зборува дека тоа е негово незаборавно искуство. Враќање во Наполи? Тој секогаш ги гледа натпреварите на клубот, поврзан е емотивно со фановите и секогаш зборуваме за можноста за враќање. Аурелио е добар претседател, мислам дека секогаш е отворен за нова соработка со Кавани“, изјави Џенаро Фамилјети, агентот на Единсон Кавани.

Уругваецот беше дел од Наполи од 2010 до 2013 година, а популарниот „Ел Матадор“ на 138 натпревари за клубот постигна 104 гола.

Се вчитува...