Кавани се враќа во Наполи?

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани би можел да се врати во Неапол ова лето. Тој токму од „Сан Паоло“ во 2013 година замина во ПСЖ, а пет години подоцна е на добар пат да се врати назад и да го облече дресот на Наполи.

Новиот тренер на „наполитанците“, Карло Анчелоти, посакува нов елитен напаѓач во тимот за да може да му парира на Јувентус, па иако Карим Бензема е неговата прва опција, сепак, многу пореално е да го ангажира Кавани. Тој е на излезна врата од ПСЖ, иако има договор до 2020 година. Но, најави уште пред почетокот на Светското првенство дека размислува за нов предизвик, посебно што Нејмар го презеде приматот на прва ѕвезда на „светците“.

Кавани е еден од омилените фудбалери на фановите на Наполи, мина три прекрасни години во Неапол и постигна 78 гола на 104 натпревари за овој клуб. За него сериозен интерес покажува и Атлетико Мадрид, но се чини дека останувањето на Антоан Гризман сепак ќе го премисли Диего Симеоне.

Се вчитува...