Казахстанецот Бублик го шокираше Зверев на турнирот во Монпелје

Казахстанецот Александр Бублик стигна до првата АТП титула во кариерата откако во финалето на турнирот во Монпелје го шокираше првиот носител, Германецот Александер Зверев.

Младиот Казахстанец го доби мечот со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.

„Многу сум среќен. И благодарам на публиката што без позади мене. Се знаеме уште од 12 години со Саша и затоа многу ми значи оваа победа“, изјави Бублик. 

 

Се вчитува...