Каземиро одлучи – ќе игра заедно со Лионел Меси

Искусниот бразилски фудбалер Касемиро ќе ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, каде што пристигнува како слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

Бразилскиот репрезентативец, иако е во четвртата деценија од животот, е многу ценет низ целиот свет, но според информациите, тој одлучил да се пресели во Интер.

Двете страни се договориле за условите и сега останува полесниот дел од работата. Тоа е формализирање на сработеното и официјално претставување на Касемиро како нов играч на Интер.

Главната причина зошто одлучи да се пресели во Мајами е играњето со Лионел Меси, некогаш голем ривал од шпанскиот фудбал, но и човек чија репрезентација е жесток ривал на Касемиро.

Се вчитува...