Казинс во војна со Дивац – „Кој е сега жртвено јагне?“

Демаркус Казинс го прокоментира поразот на поранешниот клуб Сакраменто Кингс од Далас Маверикс. Поранешната ѕвезда на Кингс постави иронично прашање до Владе Дивац на тоа дека тој кога замина од тимот беше „жртвено јагне“ како би можела франшизата да напредува.

Дивац го испрати Казинс во Њу Орлеанс Пеликанс како би почнал нова ера во тимот од главниот град на Калифорнија, меѓутоа ниту по две и пол години екипата не може да напредува. Казинс по поразот на Сакраменто од Далас на Твитер само накратко напиша „Кој е сега жртвено јагне?“.

 

Се вчитува...