Казна од десет места за Леклер на Големата награда на Канада

Возачот на Ферари, Шарл Леклер доби казна од десет места во однос на позицијата која ќе ја заработи на квалификациите за Големата награда на Канада поради третa промена на контролната електроника.

Леклер се соочи со сериозни проблеми со болидот оваа сезона и истите го чинеа значајни бодови во борбата за шампионската титула. Како потсетување тој не ја заврши Големата награда на Азербејџан поради дефект и покрај тоа што извозе најдобро во квалификациите и го завзема првото место на стартната рамнина па беше приморан да прави промени.

Се вчитува...