Казна од десет позиции за Хамилтон за ГН на Турција

Лидерот на табелата во овогодишното издание на Форума 1 шампионатот, Луис Хамилтон трката за Големата награда на Турција ќе ја започне десет позиции зад местото кое ќе го оствари во квалификации поради промена на моторот на болидот.

За возачот на Мердецес ова е трета промена на моторот во сезоната со што го надмина ограничувањето и сега подлежи под казна, истата онаа што ја доби Ферстапен пред последната трка што се возеше во Сочи.

На седум трки до крајот на Ф1 шампионатот Британецот има два бода предност во однос на Макс Ферстапен на табелата на возачи.

Се вчитува...