Казна: Ристовски го пропушта и финалето од Купот на Португалија

Стефан Ристовски предвреме ја завршува сезоната на Спортинг Лисабон, откако беше казнет со суспензија од два натпревари поради црвениот картон заработен на дуелот со Тондела. Македонскиот дефанзивец доби директен црвен картон, а дисциплинската комисија процени дека станува збор за „намерно удирање на противнички играч додека топката не е во близина“, изрекувајќи му на Ристовски дополнителен меч казна од вообичаениот еден натпревар неиграње.

Ова практично значи дека десниот бек нема да настапи во посследното коло против Порто, но потоа ќе го пропушти и куп-финалето на Португалија.

„Знам дека Стефан е добро момче, но три црвени картони во една сезона се знак дека нешто не е како што треба. Ќе треба да разговараме“ – изјави тренерот на Спортинг по дуелот со Тондела и исклучување на македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...