Стефан Ристовски ќе мора да го мине наредниот период тренирајќи со вториот тим на Спортинг Лисабон, како казна од управата за пропаднатиот трансфер во Динамо Москва пред самиот истек на преодниот рок. Португалскиот клуб ја имаше прифатено понудата за едногодишна позајмица на македонскиот репрезентативец, но Ристовски одби да замине во Русија во знак на протест поради неправедниот третман на тренерот Аморим кон него.
Одговорот на управата стигна експресно по враќањето на Ристовски од настапите за македонскиот национален тим, кога на нашиот репрезентативец му било соопштено дека ќе треба да тренира со младите играчи од вториот тим на Спортинг. Заедно со Ристовски, истата казна му е изречена и на Камачо, кој беше блиску до трансфер во Динамо Загрееб.
Информацијата прв ја објави португалскиот весник „Рекорд“, потоа ja пренесоа уште неколку медиуми во оваа земја, потврдувајќи дека тренерот Аморим е решен да го избрише Македонецот од своите планови за оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА