Казната за Џа Морант ќе биде позната по крајот на НБА финалето

Контроверзниот Џа Морант го чека нова казна од НБА лигата за новото скандалозно однесување. Ѕвездата на Мемфис одново се појави на социјалните мрежи со огнено оружје во раката, а за вториот ваков прекршок тој ќе биде и построго казнет од раководството на првенството.

Како потсетување, првата казна беше суспензија од осум натпревари.

Но, казната ќе биде позната по крајот на финалето во кое се среќаваат екипите на Денвер и Мајами, информираше комесарот Адам Силвер.

„Донесовме одлука согласна со историјата на претходнтие престапи и однесувањето на Морант. Се е познато, но нема да соопштиме бидејќи не сакаме да го тргаме вниманието од големото финале и одличните натпревари помеѓу Денвер и Мајами.

Не се работи само за казната. Не е битно дали тоа ќе бидат осум или 12 натпревари. Сакаме Морант да се промени. Во комуникација со мене секогаш е фин, меѓутоа очигледно е дека неговото опкружување има влијание и тоа негативно“, вели Силвер.

Се вчитува...