Казни за дербито: Работнички ќе плати 60.000 денари, Грнчаров на „дисциплинска“

Комесарот за натпреварување при МКФ, Владимир Цветковски, го казни Работнички со 60.000 денари за слаба организација на натпреварот против МЗТ Скопје, додека гостите од Аеродром ќе треба да платат три пати пониска сума за „димната бомба“ запалени од гостинските навивачи во салата „Градски парк“.

„Во втората четвртина навивачите на МЗТ Скопје А. запалиле димна бомба која влијаела на видливоста во салата. Натпреварот бил прекинат и публиката била опомената. Пред крајот на натпреварот од страна на навивачите на КК Работнички комплетно скината мрежата по што дошло до плукање на актерите на теренот и фрлање на тврди предмети, ова особено било изразено по завршување на натпреварот. Останатото без забелешки од страна на обете екипи и службените лица“ – се вели во записникот на официјалните лица на натпреварот.

Воедно, Цветковски покрена и дисциплинска постапка против директорот на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров, поради критиките кон арбитрите упатени преку својот профил на социјалните мрежи.

Се вчитува...