Казорла му се врати на фудбалот по 636 дена

Поранешниот фудбалер на Арсенал и шпански репрезентативец Санти Казорла му се врати на фудбалот по огромна пауза. Тој по 636 дена повторно одигра натпревар, иако е тоа само настап на пријателски подготвителен меч во дресот на Вилјареал. Тој влезе во игра за „жолтата подморница“ во 67.минута од мечот против Херкулес (1-0).

Казорла имаше огромно отсуство, дури осум операции и страшно многу здравствени проблеми додека беше член на Арсенал. Тој се повреди пред 21 месец, на мечот меѓу Арсенал и Лудогорец, на 19 октомври 2016 година.

Се вчитува...