„Ќе биде голема штета Новак Ѓоковиќ да не игра на Индијан Велс“

Директорот на тенискиот турнир во Индијан Велс, Томи Хас изјави дека би било штета доколку српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не може да влезе во САД и да учествува на Мастерсот во пустината и на турнирот во Мајами.

Мастерсот во Индијан Велс се игра од 6. до 19. март, додека турнирот во Мајами од 19. март до 2. април.

Се очекува петтиот тенисер во светот напролет да ги пропушти двата мастерси во САД, откако тамошните власти ја продолжија забраната за влез на невакцинирани странци до април.

„Во моите очи, би било штета ако не дојде на овие турнири (Индијан Велс и Мајами), или не му дозволат да дојде. Тие би требало да ги укинат овие правила во средината на април. Би било убаво да ги откажете тие обврски малку порано бидејќи така ќе може да дојде и да игра во Индијан Велс и Мајами. Мислам дека сака да игра, па затоа треба да му дадеме шанса“, изјави Хас. 

Се вчитува...