Ќе биде жешкa ноќ во ЛШ: Челси стигна до 0-2, Баерн поведе со Вилјареал (ВИДЕО)

Челси води 0-2 на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид, и со тоа веќе ја анулираше предноста на Реал од првиот натпревар. Ако остане вака, ќе се гледаат продолженија, но има уште 40 минути игра. Голот падна во 51. минута, а го постигна Ридигер.

Изведен корнер, а Ридигер со глава погоди во мрежата на Куртоа, и сега двете екипи се израмнети. Со оглед дека повеќе не важи правилото гол на гости, овој резултат му одговара на Челси барем да дојде до продолженија, но има време за уште еден гол со оглед дека Реал е анемичен и нема шанси.

Првиот гол за Челси го постигна Маунт во 15. минута.

На вториот меч во Минхен, Левандовски во 52. минута носи водство за Баерн, и сега двата тима се израмнети. Ако остане вака и во Минхен ќе гледаме продолженија.

Се вчитува...