Ќе дојде ли Ибрахимовиќ кај Елмас во Наполи?

Златан Ибрахимовиќ се пласираше со ЛА Галакси во плејофот од МЛС-лигата, но шведскиот ас за најмногу еден месец ќе ја заврши сезонава. Тој ќе биде достапен за позајмица или трансфер во јануари, а една од опциите е преселба во Наполи. Карло Анчелоти неодамна изјави дека Златан би бил добредојден во неговиот клуб, а Швеѓанецот денеска возврати на комплиментите.

„Карло Анчеллоти е добр тренер, но пред се извонредна личност. Имав чест најпрвин да го запознаам, а потоа и да ми биде тренер, жал ми е што соработувавме само една година. Искрено посакував да играм подолго за него бидејќи бев во топ-форма“ – изјави Ибрахимовиќ.

Италијанските медиуми најавуваат дека „наполитанците“ ќе испратат понуда за позајмица на Ибракадабра, па останува да се види дали Швеѓанецот ќе прифати да дојде во овој клуб и повторно да игра за Анчелоти.

Се вчитува...