Ќе доживее ли Штип да има ваков убав стадион? Проект има… (ВИДЕО)

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, го презентираше идејното решение за новиот изглед на стадионот во овој град, кој треба да биде реконструиран според ФИФА 3 стандардите, со капацитет од 6.000 седишта.

„Штип заслужува модерен стадион според најсовремени стандарди. Затоа започнавме со проектирање на целосно нов Градски стадион во Штип, со капацитет од околу 6.000 гледачи според ФИФА 3 стандардите, каде ќе биде вклучен и хотелски комплекс во непосредна близина“, истакна Бочварски.

Проектот за стадионот е на општина Штип и треба да биде изграден со поддршка од ФФМ. Покрај стадионот ќе биде изграден и хотел.

Се вчитува...