„Ќе го имаме и Елмас против Португалија, тоа е голема работа за нас“

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Триумфот над Италија на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо е уште позначаен ако се знае дека до него стигнавме без Елиф Елмас. Најдобриот македонски фудбалер поради суспензија не можеше да им помогне на соиграчите, но тој дефинитивно ќе биде во составот на претстојното финале со Португалија.

„Елмас се враќа во нашиот табор за финалето, тоа е голема работа и сигурно ќе ни биде од помош. Пресреќен сум за Трајковски, кој постигна фантастичен погодок. Горди сме, ги победивме Италијанците на италијански начин, со два шута кон нивниот гол“, изјави селекторот Милевски.

Се вчитува...