Ќе го „изненадува“ ли Беласица и Вардар!?

Интересни денови за прволигашите кои бијат битка за опстанок во елитата. Во денешното 31. коло од Првата македонска фудбалска лига повторно централните погледи на љубителите на фудбалот кон натпреварите кои може да значат преживување во прволигашкото друштво а кои и изминативе две кола предизвикаа „бура реакции“.

Откако во претходните два натпревари Беласица ги изненади Академија Пандев и Шкендија, сега отворено е прашањето дали може да го „изненади“ и последниот клуб од водечката тројка – Вардар.

На мечот кој се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари јасно е дека Вардар ја носи фаворитската улога. Но, од друга страна јасно е и дека мотивите за успех поголеми се кај струмичани, наспроти „вардарци“ кои се свесни дека титулата е речиси недостижна и излезот во Европа воопшто не е загрозен. Но, од таборот на најтрофејниот македонски клуб најавуваат дека ќе играат за својата чест.

Од друга страна, сериозна битка се очекува во Турново каде Победа ќе биде домаќин на Силекс. По изненадувачката претходна победа над Работнички, ова е последна шанса за прилепчани да остане надежта за опстанок. За Силекс, исто така можност за сериозен чекор кон опстанокот на пет кола до крајот на првенството.

ПМФЛ – 31. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ

Турново: ПОБЕДА – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

Се вчитува...