Ќе игра и Кристопанс, Вардар комплетен против Киелце

Даинис Кристопанс ги надмина проблемите со повредата на скочниот зглоб и ќе се најде во тимот на Вардар за денешниот дуел против Киелце во рамките од Лигата на шампионите.

„Џинот“ на „вардарци“ се повреди на самиот почеток од дуелот во СЕХА против Војводина, првичните информации говореа дека повредата не е премногу сериозна, а потврдата дојде со денешното вклучување на Кристопанс во тимот за пресметката со полскиот ракометен гигант.

Добра вест за Кокшаров е и враќањето на двајцата руски репрезентативци, Атман и Горпишин, кои не настапија на последниот меч со Брест Мешков, а од младите македонски играчи во тимот се наоѓа и Кукуловски.

Се вчитува...