Ќе има ли крај на низата порази? Младите против Ерменија на втора победа во квалификациите за ЕП (15:30 ч.)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денеска од 15:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го игра осмиот натпревар во квалификациите за ЕП, против селекцијата на Ерменија.

По шестте претходно едноподруго порази, надежите сега во желба конечно за прекин на негативната серија против репрезентацијата со која, пак, и го имаме единствениот триумф во овој квалификациски циклус.

„Натпреварот со Ерменија очекуваме да биде тежок, од причини што се работи за противник кој има две до три години постари фудбалери. Се работи за цврста репрезентација, која на фаворитите им даде отпор. Се работи за агресивен ривал, кој ќе дојде тука да се надигрува и да бара реванш за поразот во Ереван. Очекувам борбен натпревар, противник кој ќе „гризе“ на теренот, но тоа и нас ќе ни биде генерална проба за натпреварите во следниот циклус“ – вели селекторот на младата репрезентација, Добринко Илиевски пред денешниот дуел.

Во квалификациската група 7, Ерменија по осум натпревари е на 4. место со 7 бода, додека Македонија е на петтата позиција со 3 бода од седум меча.

Се вчитува...