Ќе има ли нова епизода од „играта“: Кој прв ќе го моли Самсоненко да остане?!

Билетите за Фенербахче се огромни 3.000 денари. Па нормални ли се тие од Вардар?! Алооо, Самсоненко… Сакаш со еден потег ли да си ги вратиш сите вложени пари?! Па вакви сте, такви сте, не ли ви е срам?!

Се вратил Сергеј Самсоненко синоќа во Македонија и кога прочитал колку го плукаат, му се стемнило. И одма си рекол, па ќе си одам – налет и „вардарство“ и се. А убаво семејство си направија. Нацева, Кастратовиќ, Спасески, Васоски, па во последниве неколку месеци и Панчев. Во „првото колено“ се секако директорчињата што станаа вардарци експресно, откако увидоа дека таму има бајаги рубљи.

И откако „злобните“ навивачи и тие што не доаѓаат секогаш на стадион, како што тоа во првите неколку меча го правеа и Дибиров, Радичевиќ, Пенезиќ, рекоа дека 3.000 денари е многу за билет за Вардар – Фенербахче, Самсоненко „многу се вознемири“. Можеби нема спиено цела ноќ, смислил соопштение и донесе одлука: Ќе ги врати трите клуба, целото семејство Вардар на претходните сопственици… Шок за сите „вардарци“. Како ли така можеа да згрешат, и да го „набркаат“ херојот…

naceva i kastratovic

И сега чекаме нова епизода од „играта“. Самсоненко е вознемирен и лут, чека на прозорец од хотел „Русија“, а фановите треба да дојдат и да скандираат… „Остани, хероју наш!“

Се чека само моментот кога со соопштение ќе се јават и овие од „вардаровото семејство“… Нацева ли ќе е прва, или Кастратовиќ?! Можеби Спасески и Васоски…? Сите тие кои изминативе години збор не зуцнаа кога требаше да се одбрани вардарството… Сега се на ред, како дел од „играта“…

Чекаме… нова епизода. Кој прв ќе моли?! Па, за нив, газда Сергеј беше навистина одличен Дедо Мраз.

Се вчитува...