Ќе има „мајсторка“: Цедевита со серија 20-0 го реши Будуќност

Цедевита и Будуќност ќе играат мајсторка за место во финалето од АБА-лигата, откако хрватскиот првак вечерва славеше со 82-75 за израмнување на 1-1 во оваа полуфинална серија.

Како пресудна се покажа неверојатната серија од 20-0 што Цедевита ја направи во финишот од првата и почетокот од втората четвртина, па од негатива од 10-17 набрзина поведе со 30-17. Гостите од Подгорица се обидуваа да се вратат, но хрватскиот шампион  искусно ја одржуваше предноста и на крајот заслужено стигна до победата.

Американецот Николс беше незапирлив со вкупно 25 поени, Крушлин додаде 13 за победничкиот тим, додека кај Будуќност прв стрелец беше Гибсон со 20 поени.

Се вчитува...