Ќе има Македонец на тронот: Манасков го предизвикува Вардар

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Келн е ’македонски’ град. Во финалето на Ф4 турнирот во ракометната Лига на шампиони, на тронот ќе се искачи Македонец. Дејан Манасков беше дел од „црвено-црните“, но замина пред незаборавната 2017 – кога Вардар се искачи на тронот. Сега е адут на Веспрем, ќе го игра првото финале во Лигата на шампионите – и тоа против „својот“ Вардар. Посака македонскиот репрезентативец вакво финале по вчерашниот триумф над Киелце, и желбата му се оствари.

„Нека има Македонец на тронот. Посакувам да играме против Вардар во финалето“, изјави Манасков пред вчерашното полуфинале меѓу „црвено-црните“ и Барселона.

Тој го пропушти полуфиналето против Киелце поради повредата која го мачеше последниов период, но за денеска е потполно опоравен. Вардар направи вонсериско чудо, ја скина главата на првиот фаворит Барселона и денеска оди на мегдан на Веспрем и Дејан Манасков.

„Ќе биде жестоко. Во финалето, даваш се од себе и очекуваш да победиш“, истакнува македонскиот репрезентативец.

Вардарци се подготвени се нова голема битка. Знаат и како се освојува трофејот, посакуваат реприза од пред две години. Ќе треба сите да одиграат речиси перфектно, а

„Ќе биде тешко, имаат силна одбрана, квалитетен голман, но во финалето е се можно. Ние добро сме подготвени и ќе се обидеме да направиме што е можно повеќе и подобро и се надевам дека ќе бидеме успешни“, изјави Сташ Скубе, средниот бек на Вардар.

Финалето е посебен меч, максимална инспирација. Излегуваш и победуваш. Во секој случај, ќе има Македонец на тронот на Европа.

Се вчитува...