Ќе има навивачи од картон на празните трибини во Бундес-лигата

Бундеслигашот Борусија Менхенгладбах се подготвува за мечеви пред празни трибини. Германските фудбалски клубови размислуваат за продолжување на сезоната и покрај пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет.

Навивачите на Менхенгладбах дојдоа до необична идеја. На „Борусија паркот“ доколку биде забрането присуство на гледачи, ќе бидат поставени картонски фигури. За 19 евра секој навивач ќе може да има свој лик на две фигури во природна големина (една во седечка и една во стоечка положба), а ќе биде потребно само да испрати своја фотографија.

„Ние сме првите кои се сетивме да внесеме малку жар на празните стадиони, иако навивачите ќе мора од дома да ги гледаат натпреварите“, стои во соопштението од клубот. 

Картонските навивачи ќе ги прават две фирми од Менхенгладбах кои поради пандемијата беа принудени да сопрат со работа и привремено да бидат затворени.

Се вчитува...