Ќе има „пеколна“ завршница во групата: Словенците подобри од Израел, реми во Варшава

Словенија дојде до голема победа од 3-2 против Израел во шестиот натпревар од Групата Г во квалификациите за ЕП 2020, дополнително комплицирајќи ги нештата во групата пред завршницата до крајот на година.

Словенците до триумфот стигнаа со голот на Вербиќ во 90. минута, откако претходно Израелците имаа и предност од 1-2 со головите на Начо и Захави. Но, најпрво Безјак израмни за Словенците во 66. минута, а потоа Вербиќ ги донесе големите три бода.

Во Варшава, пак, Полска и Австрија ремизираа без голови.

Се вчитува...