Директорот на Австралија опен Крег Тајли објави дека првиот грен-слем во сезоната ќе има капацитет од 50 отсто, на голема радост на фановите.
„Се надевам дека ќе можеме да вгостиме барем 50 отсто од публиката која во нормални услови ја имаме. Осум месеци работевме на ова со здравствените власти како би можеле да го организираме турнирот“, изјави Тајли.
Тоа значи дека тенискиот комплекс во Мелбург ќе го посетат околу 400.000 фанови на тенисот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА