Ќе има ВАР технологија на завршниот турнир во Лигата на нации

Првпат во историјата на едно репрезентативно натпреварување под закрила на УЕФА ќе биде користен ВАР системот, а тоа ќе се случи на завршниот турнир на Лигата на нации кој ќе се одржи во Португалија.

ВАР технологијата беше користена на Светското првенство мината година во Русија, а свое деби во натпреварувањата под УЕФА имаше во нок-аут фазата во Лигата на шампионите. Покрај во Лигата на шампионите, тој се користеше и во националните првенства на Шпанија, Германија, Италија и Франција, а следната сезона ќе биде воведен и во Премиер-лигата.

Првиот полуфинален натпревар е закажан за среда, а во него ќе се сретнат Португалија и Швајцарија. Во второто полуфинале ден подоцна играат Англија и Холандија. Финалниот меч и тој за трето место се закажани за во недела.

Се вчитува...