Ќе изгори ли Киелце повторно во скопскиот „вулкан“?

Вардар на последниот меч од Лигата на шампионите успеа да ја прекине „црната серија“ триумфирајќи над Брест Мешков, но денешниот дуел со Киелце (17.30 часот) ќе биде вистинско мерило за квалитетите и потенцијалот на „црвено-црните“ како актуелни европски шампиони. Против себе имаат ривал кој исто така е со врвно реноме, но истовремено и екипа што во минатото успевале да ја совладаат во Скопје.

Традицијата вели дека Киелце загубил на трите досегашни гостувања во „Јане Сандански“ во рамките од групната фаза на ЛШ, а избраниците на Душебајев единствената победа ја имаат забележано во 2015 година, кога во рамките од четвртфиналето го освоија Скопје и се пласираа на Ф4 во Келн.

Голем ривал ни е Киелце, сите сакаме да победиме, очекуваме голема поддршка. Многу повредени играчи имаме, сите се враќаат од повреди. Наше е да дадеме се од себе и да се обидеме да победиме. Киелце е борбена екипа, слична на нас, ќе има тензија и на крај некој ќе плаче, а се надевам дека тоа ќе биде Карачиќ”, изјави капитенот Стоилов како најава за денешниот натпревар.

Јасно е, многу работи во играта на гостинот ќе зависат од играта на поранешните „вардарци“, Игор Карачиќ и Алекс Душебајев. Доколку одбраната на „црвено-црните“ успее да ги неутрализира, голем дел од задачата ќе биде завршен, но секако ќе мора да се разбудат и голманите на „вардарци“, кои се најслаб дел од тимот во досегашниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

Се вчитува...