„Ќе ме боли кога ќе го видам Меси во дрес на друг клуб“

Топ тема во светските медиуми изминативе денови е преселбата на Лео Меси од Барселона во редовите на ПСЖ каде и ќе ги помине следните две сезони.

На оваа тема сега говореше и легендарниот фудбалер на каталонскиот тим, Андрес Иниеста кој вели дека ќе биде болно да се гледа Меси во дресот на парискиот клуб.

„Не знам што се случи на релацијата Меси – Барселона, како се одвивале работите, но знам дека клубот долго ќе се опоравува од овој трансфер. Ќе ме боли кога ќе го видам Меси во дресот на друг клуб. Лео е персонификација на Барса. Тој беше се, играчот кој го надминува тимот. Никогаш не сум сретнал играч како него и не верувам дека ќе видам во иднина“, изјави поранешниот соиграч на Аргентинецот.

Се вчитува...