Ќе почне Бундес-лигата, ама ќе им биде забранет секс на фудбалерите!

Бундес-лигата треба да го отвори патот за враќање на елитниот фудбал по суспензијата од пандемијата на коронавирусот, но најголем дел од фудбалерите сепак нема да бидат најсреќни со враќањето на терените. Ќе мора да се придржуваат до неверојатно строги мерки за заштита, а меѓу нив и забраната за секс и бакнување со своите партнерки.

Министерството за здравство на Германија изработи комплетен план како би требало да се однесуваат фудбалските тимови откако ќе биде дозволен рестарт на Бундес-лигата. Враќањето е предвидено за 9.мај, а најголем дел од клубовите ќе бидат во хотелски карантин. Има солуција и да живеат во домашни услови со семејствата, но со строга забрана за секс и за бакнување со партнерките. Покрај тоа, и нивните семејства ќе мора детално да ги следат упатствата за строго ограничување на движењето во поголеми групи.

На стадионите во Германија ќе бидат дозволени најмногу 300 луѓе за време на натпреварите. Интересни се и деталите, ќе има само четворица полицајци, десет новинари, четири момчиња за враќање на топките, осум луѓе кои ќе се грижат за тревникот на полувремето, како и 50 луѓе во обезбедувањето.

Бундес – лигата треба да биде првата „голема“ лига која ќе се врати на сцената, а доколку целиот проект функционира тогаш тоа ќе биде голем потстрек за враќање и на останатите шампионати во Европа.

Се вчитува...