Ќе „преживее“ ли Франк де Бур во Кристал Палас?

Холандскиот стратег Франк де Бур се наоѓа на „тенок мраз“ во редовите на англискиот премиерлигаш Кристал Палас. По очајниот почеток на новата сезона во Премиер – лигата, при што неговиот тим забележа четири порази и се уште нема постигнато гол, раководството на клубот ќе ја разгледува неговата работа. Конечната одлука ќе биде донесена најдоцна до утре.

Кристал Палас минатата сезона ја почна со Алан Пердју, а потоа го наследи Сем Алардајс, кој успеа да го спаси тимот да остане во Премиер – лигата. Ова лето тие му укажаа доверба на Франк де Бур, поранешниот тренер на Ајакс и на Интер, кој сепак започна многу лошо во новиот клуб.

Англиските медиуми најавуваат дека Рој Хоџсон, поранешниот селектор на гордиот Албион, би можел да биде наследникот на Франк де Бур на клупата на Кристал Палас.

Се вчитува...