Ќе ризикува ли Борусија 105 милиони евра? Од клубот велат – нема да се повторуваме како папагали

До крајот на најлудиот трансфер рок во последната деценија остануваат уште два дена во кои по „тектонските пореметувања“ на фудбалската карта со трансферите на Лео Меси, Кристијано Роналдо, Серхио Рамос и Ромелу Лукаку можни се уште две „бомби“.

До истите може да дојде само доколку ПСЖ ја прифати понудата на Реал Мадрид за трансферот на Килијан Мбапе, а „светците“ успејат да го доведат Ерлинг Халанд како негова директна замена, интересно за трансфер вреден 180 милиони евра, колку што бара и ПСЖ за услугите на Французинот.

Сепак за ваквиот „рикошет“ се прашува и Борусија Дортмунд која ова лето даде дознање дека нема намера да го продаде норвешкото „чудо од дете“ дури и доколку тоа значи загуба од 105 милиони евра. Како потсетување, откупната клаузула на Халанд до Дортмунд е 75 милиони евра и истата ќе може да биде активирана следното лето.

„Ние сме фудбалски клуб, не сме банка. Претпоставувам дека ќе се соочиме со луди шпекулации во следните два дена. Но, нашата позиција е јасна и не мораме постојано да се повторуваме како папагали. Халанд ќе биде дел од Дортмунд и по 1. септември“, изјави спортскиот директор на Борусија, Михаел Корк.

Се вчитува...