Ќе ве изненади која е замената за Мбапе во Пари Сен Жермен

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе и дефинитивно на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен. Интересно е тоа што францускиот тим како замена за одличниот Мбапе го гледа српскиот интернационалец Душан Влаховиќ.

Србинот бележи одлични партии во дресот на Фиорентина и во моментов е еден од најпосакуваните напаѓачи во светот. Сепак се поставува прашањето дали Влаховиќ има потенцијал веднаш да биде замена за еден од најдобрите фудбалери во светот.

Неговите квалитети се неспорни, но дали психички е подготвен да се избори со притисокот кој го носи играње за еден од најдобрите клубови во светот. Слично беше и со Лука Јовиќ кој по одличните игри во Ајнтрахт Франкфурт премина во Реал Мадрид, каде не се покажа во најдобро светло, а оттогаш неговата кариера е во слободен пад.

Се вчитува...