Ќе заличи „Тумбе кафе“: ФФМ ќе донира монтажни трибини на стадионот во Битола

Фудбалскиот прволигаш Пелистер набрзо ќе има можност да игра пред поголем број на гледачи на домашен терен. Стадион „Тумбе кафе“ ќе добие монтажни трибини зад головите и истите ќе бидат донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Овие трибини ќе бидат поставени како објекти од времен карактер, се додека не бидат обезбедени финаниски средства за да се оствари проектот за изградба на нов, реновиран стадион. Со оглед дека е многу добро познато како се градат стадиони во државава, ова е сепак најдобро решение во моментот.

ФФМ претходно го направи и новиот тревнат терен под „Тумбе кафе“.

Се вчитува...