Кејлеб Џозеф ново засилување на КК Куманово

Американскиот кошаркар Кејлеб Џозеф е ново засилување на кошаркарскиот прволигаш Куманово. Тој доаѓа од редовите на словенечки Хелиос со кој настапуваше и во АБА 2 лигата.

На пет одиграни меча во регионалното натпреварување Џозеф просечно забележа по 9,6 поени, 2,6 скока и 2 асистенции. Пред Хелиос, Џозеф настапуваше и за Златорог Лашко. Ова за кумановци е петто засилување за новата сезона откако претходно беа потврдени и интернационалците Ѓукан Ѓукановиќ и Ѓорѓе Каплановиќ, како и нашите Ненад Зивчевиќ и Андреј Настовски.

Се вчитува...