Кејлор Навас е на чекор до ПСЖ

Францускиот првак Пари сен Жермен е голем фаворит во трката по Кејлор Навас откако преговорите меѓу „светците“ и „кралевите“ од Мадрид за костариканскиот репрезентативец влегоа во завршна фаза. Навас во изминатите 48 часа поднел и официјално барање за трансфер, а Зинедин Зидан дал зелено светло за негово заминување, откако веќе ставил до знаење дека Куртоа ќе биде прв голман сезонава.

Од неколкуте понуди Костариканецот е најзагреан за онаа од Париз, каде верува дека лесно ќе се избори за улогата на прв голман пред несигурниот Арелоа. Реал бара 20 милиони евра за искусниот голман, сума што „светците“ се обидуваат да ја намалат, но во двата табори владее оптимизам дека сигурно ќе биде најден заеднички јазик до крајот на преодниот рок.

Кејлор Навас бранеше за Реал при освојувањето на трите европски титули во низа. Лани тој го загуби првотимскиот статус од Куртоа, па иако летово бранеше во подобра форма од Белгиецот повторно беше игнориран од страна на Зидан, што беше доволна причина да инсистира на трансфер летово.

Се вчитува...