Кејлор Навас имаше ’сто раце’ против Баерн Минхен: Привилегија е да браниш за Реал Мадрид

Реал Мадрид страдаше на „Сантијаго Бернабеу“, на моменти беше и на прагот на елиминација од Баерн Минхен во полуфиналето на ЛШ, но секогаш како последна пречка се исправуваше голманот Кејлор Навас. Тој имаше дури осум одбрани, повеќето од нив спектакуларни, на синоќешниот дуел во Мадрид (2-2).

„Секој учи од сопствените грешки. Имав една голема грешка во Минхен, но среќен сум што сега му помогнав на мојот тим да избори уште едно големо финале. Многу страдавме на „Сантијаго Бернабеу“, но бевме подготвени на тоа, и знаевме дека треба да се бориме до самиот крај. Само на таков начин се испишува историја, и кога ќе дојдеш во ваков голем клуб, тоа прво ќе го научиш. Привилегија е да браниш за Реал Мадрид, им благодарам на навивачите кои ме поддржуваат и во моментите кога не оди најдобро, и кога ќе примам гол што секако ги разочарува. Сега треба да се подготвиме за големото финале во Киев и да се обидеме уште еднаш да го одбраниме трофејот во ЛШ. Тоа го може само најголемиот клуб“, изјави Кејлор Навас.

Се вчитува...