Кејлор Навас потпиша нов договор со Реал Мадрид

Кејлор Навас го продолжи договорот со Реал Мадрид  и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до летото 2021 година. Костариканецот вчера на Инстаграм објави порака која многумина на протолкуваа како збогување од „кралскиот клуб“, но денеска работите добија сосема поинаков тек.

Веста за продолжувањето  на соработката денеска е официјално потврдена за „Марка“, а информацијата е дека Навас новиот договор со Рерал го потпишал уште пред неколку седмици.

Во наредните две години од договорот со „кралевите“, Кејлор Навас ќе инкасира по пет милиони евра годишно.

Навас во Реереал дојде во 2014 година и во таа сезона му беше замена за легендарниот Икер Касиљас, но имаше мала минутажа и настапи само на 11 натпревари.

По заминувањето на Касиљас во порто, Навас стана прв голман, имаше извонредна сезона и ги освои сите можни трофеи со „кралскиот клуб“.

Летово Навас доби силна конкуренција на голот со доаѓањето на Белгиецот Тибо Куртоа кој на „Сантијаго Бернабеу“ стигна од Челси и е прв избор кај тренерот Солари. Но, на Навас очигледно, не му пречи клупата и улогата на втор голман и реши да ја продолжи соработката со Реал. Навас сезонава има осум или вкупно 149 настапи на голот на Реал Мадрид.

Се вчитува...