Кејлор Навас потпиша за ПСЖ

Кејлор Навас и дефинитивно ќе ја заврши својата авантура во Реал Мадрид откако ги мина лекарските прегледи во Париз и го стави својот потпис на договорот со ПСЖ. Костариканскиот голман беше меѓу најзаслужните за трите европски круни во низа, но од ланската сезона го загуби првотимскиот статус од Тибо Куртоа.

Зидан сакаше да го задржи Навас како резерва и сезонава, но искусниот голман инсистираше на заминување, по што на крајот беше дадено зелено светло за неговата преселба на „Паркот на принцовите“. Реал Мадрид ќе заработи 12,5 милиони евра од овој трансфер, а двата клуба преговараат за „кралевите“ да го добијат и Ареола, кој ќе му биде резерва на Куртоа.

„Светците“ во текот на вчерашниот ден го комплетираа и трансферот на Серхио Рико, кој пристигнува од Севилја за да му биде резерва на Навас.

Се вчитува...