Кејлор Навас сака да остане во Реал Мадрид

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, сака и понатаму да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и да се бори за место во тимот, иако се поизвесно е дека „кралскиот клуб“ ќе се засили и со Тибо Куртоа, белгискиот репрезентативец и член на Челси. Тој треба да потпише петгодишен договор, а Челси ќе добие 45 милиони евра отштета.

Но, Кејлор Навас не е исплашен од Куртоа и сака да остане во Мадрид. Тој има договор за уште две сезони, а неговиот агент води преговори за продолжување на соработката за уште дополнителни две сезони. Костариканецот е подготвен да потпише договор до 2022 година.

Се вчитува...