Кејлор Навас се сели во Јувентус?

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, би можел да оди по стапките на Кристијано Роналдо и ова лето да заврши во Јувентус. Тој е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, а раководството на италијанскиот првак го посакува во своите редови. Тој би ја зголемил конкуренцијата и би се борел за првотимски статус со Војчех Шчешни.

Ова значи дека Матија Перин и дефинитивно ќе си замине од Торино. Тој не успеа да се наметне, заработи и повреда, а не сака да седи на клупата за резерви идната сезона и веќе најавил дека најверојатно ќе се врати во Џенова.

Се очекува „кралевите“ да бараат околу 25 милиони евра за голманот со чија помош стигнаа до три трофеи во Лигата на шампионите.

Се вчитува...