Кејн бега од хаосот во Баерн Минхен со изненадувачки трансфер во Премиерлигата?

Англискиот репрезентативец Хари Кејн изминатото лето стави крај на ерата помината во Тотенхем и се пресели во редовите на Баерн Минхен каде на последниот натпревар против Бохум испиша и историја како голгетер кој најбрзо стигнал до 25 постигнати погодоци во елитното германско првенство.

Но, целата ситуација во Минхен е далеку од идеална. Баерн Минхен ја губи битката за титула во Бундеслигата, има заостаток и во дуелот против Лацио во осминафиналето од Лигата на Шампионите, а и еден од најдобрите фудбалер Џошуа Кимих за малку не влезе во физичка пресметка со помошниот тренер Лов по новиот пораз на тимот.

Кејн не е задоволен како се одвиваат работите во Баерн Минхен и наскоро би можел да се врати во Премиерлигата и тоа со изненадувачки трансфер, пренесуваат медиумите на „Островот“. Челси е подготвен да влезе во преговори со Баерн Минхен за негов анагажман и воедно да ја плати сумата која Германците ја издовија за ангажман на Англичанецот во 2023 година од 90 милиони евра.

Се вчитува...