Кејн без лек за „клетвата во август“

Поразот од Челси во второто коло од Премиер-лигата беше првиот „нокаут“ за Тотенхем во оваа сезона. Меѓу избраниците на Покетино, најтешко поразот го поднесе Хари Кејн, кој трета сезона се ред не може да го прекине „постот во август“ кога станува збор за погодоци.

Најдобриот стрелец од последните две сезони во Премиер-лигата и натаму не може да постигне гол во воведните кола од месец август, вчерашното градско дерби ќе беше вистински момент за кршење на „клетвата“, да не беше дирекот и одрабните на Куртоа.

Но, Кејн смета дека овој податок нема да влијае врз него во остатокот на сезоната: „Премногу се зборува за тоа, но, искрено не ми смета, ниту пак влијае на мене. На секој натпревар сакам да постигнам гол, тоа е нормално бидејќи сум напаѓач, но не секогаш ме посакува среќата. Има денови кога едноставно не можам да погодам, како со Челси. Ја погодив стативата и имав уште неколку удари кои ги одбрани Куртоа или пак поминаа блиску до голот. Сепак, и тоа е дел од играта, не треба да ме демотивира, само треба да работам напорно и головите сами ќе дојдат“, истакна Кејн.

Репрезентативецот на Англија ќе има уште една шанса да го прекине постот. Тотенхем во недела има првенствена средба со Барнли на „Вембли“ стадионот, последна за август пред репрезентативната пауза.

Се вчитува...