Кејн дојде до голем јубилеј…, подобар и од Роналдо

Тотенхем синоќа славеше со 1-3 на гостувањето против Њукасл, а херој во победата беше двократниот стрелец Хари Кејн.

Кејн со двата погодоци влезе во „клубот 200“, сега со 201 погодок во клупската кариера. За сето тоа му требаше дочно 350 натпревари.

Колку за споредба, Кристијано Роналдо до истиот јубилеен погодок дојде по 379 натпревари. На Серхио Агуеро му биле неопходни 396 меча за да дојде до 200 гола, а на легендите на Премиерлигата како Тјери Анри и Вејн Руни им беа неопходни многу повеќе и од 400 натпревари.

Се вчитува...