Напаѓачот Хари Кејн е фокусиран на своите настапи за Баерн Минхен и е задоволен од времето поминато во клубот. И покрај тоа што во последните недели имаше шпекулации дека Барселона би можела да тргне по неговите услуги како замена за Роберт Левандовски.
Актуелниот договор на фудбалерот со германскиот клуб е со важност до 30 јуни 2027 година. Меѓутоа Кејн има намера најпрво да ги „испита“ идните планови на Баерн Минхен за негов нов договор, па потоа би можел да ги гледа понудите од другите клубови.
Сепак, прерано е да се зборува за евентуален трансфер на напаѓачот во Барселона, бидејќи Кејн е фокусиран на Баерн и не сака да биде дефокусиран со понуди од други екипи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

