Кејн го напаѓа рекордот на Левандовски: Ништо не е невозможно

Хари Кејн дојде во Баерн Минхен да освојува трофеи, но англискиот голгетер остана без пехарите во Бундес-лигата и во Купот на Германија по летниот трансфер од Тотенхем.

Како утеха му останува извонредната голгетерска форма, со двата гола на вчерашниот дуел со Ајнтрахт тој стигна до бројката од 35 погодоци на 31 лигашки меч, со што му недостигаат само шест гола за апсолутниот голгетерски рекорд на Роберт Левандовски, кој имаше 41 постигнат гол во сезоната 2020/21.

„Ништо не е невозможно. Важно е на следниот натпревар да поатигнам неколку погодоци. Имам уште три средби на кои сакам да помогнам да победиме како што тоа го сторив против Ајнтрахт. Ако се одвиваат работите како што треба, би можел сериозно да се доближам до рекордот на Левандовски, зошто да не и да го урнам“, изјави Хари Кејн.

Се вчитува...