Кејн: Сега сум во најдобрата форма во мојата кариера

Капитенот на Англија, Хари Кејн, верува дека е во најдобрата форма во својата кариера откако постигна два гола во победата од 5-0 над Летонија, со која тимот се пласираше на Светското првенство следната година.

На прашањето дали во моментов ги пружа најдобрите партии во кариерата, Кејн за ITV изјави:

„Би рекол да. Бројките се тука. Тоа е начинот на кој се чувствувам на теренот, начинот на кој ги гледам додавањата, физички сум добро.“, рече Кејн, кој потоа го коментираше и пласманот на Англија на Светското првенство.

„Го правиме да изгледа лесно, но овие групи можат да бидат тешки и мора да бидеме целосно фокусирани во секој натпревар. Квалификувањето на Светското првенство на два натпревари пред крајот е големо достигнување, без да примиме ниту еден гол. Навистина играме одличен фудбал“, додаде напаѓачот.

Се вчитува...